Забраната на Трамп ги изреволтира компаниите од Силициумската Долина

Директорите и основачите на речиси сите големи компании од Силициумската Долина го изразија својот револт против контраверзната одредба за имиграција на новиот претседател Трамп. Најголем дел од основачите и директорите јавно го објавија својот став преку соопштенија, а некои како Сергеј Брин од Alphabet својата поддршка ја покажаа и на протестите.

Одлуката на претседателот Трамп предвидува 90 дневно блокирање на влез во САД на државјани од шест држави. Дополнително одлуката забранува влез на бегалци во САД во период од 120 дена. Одлуката предизвика протести на аеродромите кога се дозна дека граничната служба забранува влез за повеќе имигранти, дури и оние кои имаат валидна виза за престој во САД.

Ова не е единствената новост, според CNET, граничната служба сега ги проверува и друштвените мрежи пред да им дозволи влез на имигрантите. Ова важи и за оние кои имаат зелена карти и повторно влегуваат во САД.

Во меѓувреме е промената одуката па на жителите кои имаат зелена карта сега им е дозволен влез во САД.

Apple

Тим Кук од Apple ја осуди одлуката за ограничување на имиграцијата од седум држави. Компанијата ќе им ги стави на располагање сите средства на Apple на своите вработени кои се зафатени од претседателската одлука. Сирија е една од државите на листата на Доналд Трамп. Ко-основачот на Apple, Стив Џобс, е дете на сириски имигранти; со оглед на статусот на г. Џобс во Apple речиси е неверојатно дека Apple ќе го поддржи законот. Дури и во првиот пасус на писмото кое г. Кук го испрати до вработените може да се насети потсетувањето на г.Џобс.

„Во моите разговори со претставниците во Вашинготон оваа недела, им ставив на знаење дека Apple верува во важноста на имиграцијата – како за нашата компанија, така и за иднината на нашата држава. Apple немаше да постои без имиграција, а не пак да напредува и да иновира како денес.“, вели г. Кук.

Google

Google беше една од првите компании со реакција по потпишувањето на одлуката на Трамп. Сундер Пичај ги повлече своите вработени од странство. Во писмото кое го испрати г. Пичај до своите вработени ја изразува загриженоста за последиците кои ќе ги има овој закон по вработените во Google, но и на нивните семејства. Слично како и г.Кук, и Сундар Пичај ја искажува важноста за имиграцијата за развојот на Google. Според пораката 187 вработени на Google се зафатени од одлуката. Писмото на г.Пичај го пренесе Wall Street Journal.

„Загрижени сме за влијанието кое ќе го има оваа одлука и сите идни предлози кои ќе наметнат ограничувања на вработените на Google и нивните семејства. Но и ќе креираат пречки при за влез на таленти во САД. Ќе продолжиме да ги споделуваме нашите ставови со водачите во Вашингтон и на другите место.“, вели г. Сундер Пичај, директор на Google.

„Тука сум бидејќи сум бегалец“ Сергеј Брин. Image: Matt Kang/ Forbes

Facebook

Основачот на најголемата друштвена мрежа, Марк Закерберг преку Facebook пост го сподели своето несогласување. Г. Закерберг потсети дека неговите предци се од Германија, Австрија, Полска, но и неговата сопруга е дете на имигранти.

„Соединетите Американски Држави е нација на имигранти, и треба да бидеме горди на ова.“

Lyft

Директорот на Lyft, Логан Грин е еден од лидерите од Силициумската Долина со најостра осуда на одлуката на г.Трамп. Чекор понатаму, компанијата донираше 1 милион долари во фондот на American Civil Liberties Union. Само во изминатиот викенд ACLU доби донации во висина од 24.1 милиони долари.

„Lyft од своето основање се обидува да креира инклузивна, различна и свесна заеднца, во која нашите возачи и патници ќе се чувствуваат добредојдени и почитувани. Забрана за луѓето со една религија за влез во САД е спротивна на вредностите на Lyft, но и на САД.“, вели Логан  Грин за Recode.

Netflix

Директорот на Netflix, Рид Хејстинг, кој конечно го кажа она што многу од Силициумската Долина го мислат, вели Recode, за ставот на г.Хејстинг.

„Акциите на Трамп се повреда за вработените на Netflix низ целиот свет, и се толку неамерикански што нѐ повредуваат сите. Уште полошо е што овие мерки, наместо побезбедна, ќе ја направат Америка уште понебезбедна поради дополнителна омраза и губење на сојузници. Навистина жална недела, и опасност за над 600.000 сонувачи во САД кои сега се во опасност. Време е да се здружиме за да ги заштитиме основните американски вредности.“, вели г.Хејстинг.

Uber

Директорот на Uber најави дека своите мислења и ставови ќе му го пренесе и на претседателот на средбата која е закажана за оваа недела.

„Секоја влада има сопствени мерки за запирање на имиграцијата, дозволувањето на луѓето да влезат во САД и да бидат дома беше политика на САД од самото основање. Ова значи дека забраната ќе влијае на многу невини луѓе…“, вели Тревис Каланик од Uber.

Сем Алтман Y-Combinator

Инвеститорот Сем Алтман од Y-Combinator повика на поголем отпор кон мерките на Трамп од лидерите на техничките компании.

„Преседанот со кој се поништува веќе доделена виза или зелена карта треба да бидат многу загрижувачки за сите имигранти од било која држава, но и за сите кои сметаат дека нивниот придонес за САД е важен. Ова не е забрана за влез на муслимани. Ова е повреда на договорот кој САД го има со секој имигрант во државата.“, вели г. Алтман на својот блог.

Илон Маск – Tesla Motors

Оснвачот на PayPal, Tesla Motors и Space X, Илон Маск кој истовремено е и советник на новиот претседател на САД, својата критика ја сподели на Twitter.

Airbnb

Основачот и директор на Airbnb, Брајан Чески го искористи Twitter да го сподели својот став. Дополнително Airbnb ќе обезбеди бесплатно сместување за сите бегалци кои имаат потреба. На оваа најава веднаш се надоврзаа повеќе волонтери кои ги понудија своите станови за сместување. Поради ова Airbnb во моментов има функционалност за сите кои сакаат да го понудат својот објект за сместување на бегалци.

Twitter

Основачот на Twitter, Џек Дорси, ја осуди наредбата на претседателот на Twitter. „Хуманитарното и економското влијание на одлуката на претседателот е реално и вознемирувачко. Сите имаме придобивки од она што бегалците и имигрантите го носат во САД.“

Два федерални суда во САД ја суспендираа одлуката на претседателот за бегалците кои веќе беа во аеродромите во САД. Ова според ACLU е времена мерка но битката со несовесниот закон на Трамп сѐ уште трае.

2 коментари на “Забраната на Трамп ги изреволтира компаниите од Силициумската Долина

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии