Забрана за Deepfake на Twitter, ниту Pornhub нема да прикажува лажни видеа

Најверојатно би требало да си го проверите моралниот компас ако Pornhub одбива да ја објави содржината која ја креирате. Токму ова се случува со креаторите на лажните порно видеа кои не се добредојдени на сервисот.

Компанијата ги извести Motherboard дека нема да ги објавува овие видеа. Причината е едноставна, видеата се направени без согласност на „учесниците“. Со ова овие видеа се во иста категорија со одмазничките порно видеа.

Ова е речиси идентичен став со оној кој го имаат Gfycat и Discord кои најавија дека нема да има простор за хостирање на вакви гифови и содржина на нивните платформи.

„Сепак и покрај тврдењето на компаниајта, Pornhub сè уште е полн со deepfakes. Брзо пронајдов куп видеа со едноставно пребарување на терминот“, вели Саманта Кол од Motherboard.

Крај за deepfake видеата на својата платформа објави и Twitter. Микроблогот ги забрани видеата на својата платформа. Причините се исти како и на другите. Станува збор за видеа изработени без согласност.

„Ќе ги суспендираме сите профили кои се идентификуваaт како прв објавувач на интимни содржини без согласност на субјектите“, вели Twitter.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии