Забавниот портал Tocka.com.mk достигна 1.8 мил. посети во февруари

Ова е доста интересна статистика која од една страна покажува дека македонските веб сајтови можат да бидат, и се, доста посетувани. Од друга како извор на информација и гледано според најпопуларните вести од Tocka.com.mk, бројната публика е целосно заинтересирана за забавна содржина и секс.

„Најчитани се breaking news вестите, еротика како и шоу биз вестите. Моментално гледам дека информациите на сајтот за Боки 13-ка рушат рекорди :). Исто така до сега најбрз прогрес на читаност имаше веста за смртта на Ксенија Пајчин каде на секој рефреш на 5 секунди веста беше прочитана за 100 нови кликови. За неколку часа веста достигна над 20.000 прегледувања.“ Вели Никола Пехливанов, основач на Tocka.com.mk.

Втората страна може сериозно да ги загрижи македонските печатени медиуми бидејќи има сомнежи дека тие можат да испорачаат до 30-40.000 дневни тиражи, што забавните портали како Tocka.com.mk, Кајгана, On.net.mk или агрегаторите на вести како Time.mk, Daily.mk.. го прават секој ден. Можеби содржината е различна до одредена граница, но тоа што би требало да ги загрижи медиумите е брзината на објавувањето на вести како и споделување на содржината на друштвените мрежи. Според Google Analytics на Tocka.com.mk, дури 27% од посетеноста доаѓа од Facebook.com.

8 коментари на “Забавниот портал Tocka.com.mk достигна 1.8 мил. посети во февруари

    1. Ова не е текст за кој е најпосетуван сајт, ниту кој е подобар портал или други споредби. Се работи за интересна информација за потенцијалот на .мк Вебот и ништо повеќе. Или „изненадувачки резултат“ како што вели г. Орданоски во погорниот коментар

  1. Не е јасно дали се работи за unique visitors, или за вкупен број на кликнати страни, што е сосема друга работа.
    Во секој случај, доколку може независно да биде потврден, изненадувачки резултат.
    Прашање е како сопствениците излегуваат на крај со сметките за bandwidth, со оглед дека нема никаков очигледен бизнис концепт зад сајтот (т.е. начин на заработка).
    Ако ја зборуваме вистината, сајтот нема било каков концепт, уредувачки, графички, содржински… Збирштина на, воглавно "превземени" (да кажам културно) вести, со жолта содржина.

  2. Нема врска оваа статистика за посетеноста на Точка од Google Analytics. Малку е лажирана. Не викам дека не е посетуван сајтот Точка, но не до толку колку што они прикажуваат. Сега барем е лесно да се едитува PDF документ и да се прикаже на јавноста. За да се уверите дека е така, побарајте Google Analytics статистика за посетеноста на сајтот On.net.mk и ќе видите колку се разликуваат бројките, дека посетеноста е помала, не како што прикажуваат од Точка.

  3. „Најчитани се breaking news вестите, еротика како и шоу биз вестите.“

    Каква глупост е само ова. На портал кој 98% од вестите се шоу биз и еротика, замисли тие биле и најчитани.

    Тотално неточно е дека македонските сурфери се заинтересирани само за еротика и шоу биз вести.

  4. Интересен податок. Уште поинтересно би било доколку некој би се нафатил да собере информации од поголемите македонски портали, за бројот на нивните посетители и потоа ги објави. Е сега ова најлесно би го направил некој со кредибилитет во IT сферата па затоа ова нека биде официјален предлог од мене до редакцијата на it.com.mk

    1. така е :) јас незнам што гледаат во tocka.com.mk :P
      чисти глупости, крадена информација и сл. од on.net.mk нема подобра :)

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии