Забавете се со текстуалната авантура на BBC, напојувана од AI

Во случај да имате слободно време и добро да го познавате англискиот јазик, следнава текстуална авантура е интересен експеримент на BBC.

Catfish авантурата е напојувана од вештачка интелигенција и ќе ве втурне во потрага по љубов. Користејќи ја алатката Charisma, писателката Соња Џалалу има осмислено интересна приказна каде покренувате апликација за запознавање со лица. Преку серија од пораки, ќе навлезете во невообичаена авантура каде работите воопшто не се онака како што изгледаат.

Нема да лажеме, не паметиме последен пат кога толку многу се забавувавме со авантура од ваков калибар. Крајно пријатно и освежувачко задоволство кое го препорачуваме на сите љубители на ваква интерактивна забава.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии