За жал видео игрите не ја зголемуваат вашата интелигенција

Нови истражувања направени од Georgia Tech покажуваат дека игрите наменети за „тренинг“ на интелегенцијата можеби и не ве прават попаметни. Групата научници кои експериментираa, сега се враќаат на старото тврдење дека учесниците во истражувањето стануваат повешти во игрите, но нивниот IQ не се менува.

Авторите на истражувањето велат за New Yorker дека овие вежби продуцираат краткотраен ефект, во специфични полиња, но резултатите не се пренесуваат во реалниот свет. Вашата вештина додека ги играте овие логички игри не се пренесува на аритметика, читање или било која задача надвор од задачите кои ги завршувате.

Дел од научниците како проблем ги посучуваат своите колеги кои намерно ги преувеличуваат ефектите, пред се, бидејќи доколку не се пронајде ништо, не може да се публикуваат научни трудови за истражувањата. Дополнително, компаниите кои го креираат софтверот за тренинг, погрешно го рекламираат.

И додека дел од новите испитувања покажуваат дека играњето не ја подобрува интелегенцијата, психологот Сузан Јаеги вели дека нејзините истражување покажале дека игрите не само што помагаат, тука за еден час IQ-то можете да го подобрите за цел поен. Уште поважно, колку повеќе „тренирате“ толку резултатите стануваат подобри.

Иако резултатите засега покажуваат дека логичките игри не ја подобруваат вкупната меморија или интелегенција. Дел од истражувањата велат дека играњето на вакви игри помага при концентрација и се постигнуваат подобри резултати во полето кое го тренирате.

3 коментари на “За жал видео игрите не ја зголемуваат вашата интелигенција

  1. Не знам дали игрите ја зголемуваат интелигенцијата или не, но со сигурност знам дека "научниците" сериозно треба да поработат на својата интелигенција. Едни велат едно, други друго. Ајде нивните тврдења да се разликуваат минимално, ама целосно дијаметрално спротивни тврдења укажува на дека "научниците" навистина имаат сериозни проблеми.

    1. Коментар на место… Можам да се кладам дека да ги памтиме сите вести со "научниците" кои што тврдат нешто со нивните "истражувања", една година подоцна го тврдат спротивното, и се така во циклуси. :D

      1. Уште еден чист пример за тоа, глобално затоплување. По некое време "научниците" велат "пу пу не важи" глобално заладување ќе било.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии