За Solitaire на Windows 10 треба да платите за да ги тргнете рекламите

Windows 10 дојде како бесплатна надградба на оперативниот систем за сите кои имаа Windows 7 или Windows 8.1, но Microsoft има план како да монетаризира дел од услугите. Дел од корисниците веднаш забележаа дека нивната омилена игра Solitaire повторно доаѓа преинсталирана на оперативниот систем, но овојпат со опција за отклучување на премиум верзија на играта.

Основата верзија на играта доаѓа со реклами, а доколку сакате да ги тргнете и дополнително да добиете повеќе „парички“ додека играте, ќе треба да платите 1,5 долари месечно или 10 долари за цела година. Доколку си помисливте, бах реклами кој ги гледа – рекламите на Solitaire не се како оние на мобилните платформи, скриени на лента на долниот дел од екранот. Рекламите се на целиот екран и траат помеѓу 15 и 30 секунди, а игрите сега не можат да бидат прекинати, вели PC Gamer.

За разлика од претходната верзија на Windows, 8.1 каде постоеше премиум верзија на апликацијата, но корисникот требаше да ја преземе од Microsoft Store. Новитетот не е добро прифатен од корисниците, а дали Microsoft размислува да интегрира слична функционалност и во дел од останатите апликации и игри останува да видиме.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии