За што го користеле интернетот граѓаните на Македонија во 2018 година?

Колку  од Македонците имаат пристап и колку често го користат интернетот?

Интернет пенетрацијата е зголемена на 79,3 % опфат на домаќинствата во првото тримесечје од 2018 година, спрема 73,6 % во истиот период минатата година. Исто така има подобрување и во начинот на пристап потребен за обавување на е-трговија.

Интернет корисници во Македонија

Во Република Македонија 79,2 % од популацијата на возраст 15-74 години употребила интернет или околу 1,3 милиони жители. Од тоа машкиот пол повеќе (80,9%) од женскиот (77,4%). 97,5% од младите на возраст 15-24 години употребиле интернет, а најмалку употребувале интернет во старосната група 55-74 години (46,7%) во изминатите 12 месеци. Речиси секој ден интернетот го користат 68,7% од популацијата на 15-74 години и тоа пак повеќе мажите од жените. За да пристапат до интернет најмногу користеле мобилен или паметен телефон дури 68,8% од интернет корисниците, потоа од лаптоп 41,1%, од десктоп 36,5% и 14% пристапиле од таблет.

 За што го користеле најмногу интернетот Македонците во 2018?

Македонците на интернет најмногу зборувале и учествувале на Фејсбук и тоа 64.8% од интернет корисниците, но помалку од минатата година односно 83,8%. Што се однесува до користење на интернет за социјални мрежи кое е најголемо, мажите (68,6%) многу повеќе од жените (60,9%) учествувале на социјалните мрежи. Исто така спрема минатата година намалено е користењето на интернетот и за телефонирање, праќање/примање на електронска пошта.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии