За првпат на сајбер напад е одговорено со воена акција

Image courtsy of Israel Defense Force

Овој викенд, на 4 мај, израелската сајбер одбрана успешно се справи со онлајн напади од Хамас. Речиси веднаш потоа израелското воено воздухопловство ја бомбардираше зградата од која потекнуваа онлајн нападите. Ова е првиот директен одговор со воена сила на сајбер напади, јави ZDNet.

Нападот врз базата на сајбер огранокот на Хамас не беше изолиран. Доаѓа во период во кој Israel Defense Force во Газа се бори со напаѓачи кои лансира над 600 ракети врз цели во Израел. Во последниот бран на напади досега се загинати најмалку 27 палестински и 4 израелски цивили.

Нападот на Israel Defense Force не е прв воен напад против сајбер опасност. Претходно САД искористи воена сила против сајбер водачот на Исламска држава. Во 2015 година во планирана акција САД, со напад на беспилотни летала го уби Јунаид Хусеин, лидер на сајбер групата на Исламска држава. Разликата е што за овој напад САД со месеци работеше на плановите и е повеќе атентат отколку одговор на сајбер закана. Хусеин на друштвените мрежи објавуваше податоци со кои се откриваше идентитетот на американски војници.

Веројатно една од главните причини поради кои досега немало директен воен одговор на сајбер напади е поради тоа што овие напади вообичаено се прават од далечина. Па поради ова често се надвор од дометот на традиционалните воени средства. Проблем е што овие цели често се во цивилни зони и објекти, поради ова и нападите врз нив не се едноставни.

1 коментар на “За првпат на сајбер напад е одговорено со воена акција

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии