За првпат Apple ќе ја пренесува презентација од Купертино и на YouTube

Дејан Соколоски

во Хардвер

Неофицијални стримови на презентациите на Apple се достапни на YouTube повеќе години, но денешната презентација ќе биде прва која официјално ќе биде пренесена на YouTube. Емитувањето на овие настани подолго време беше затворено на платформите на Apple, но последниот период полека компанијата го отвора.

Секако на овие настани најинтересна е презентацијата на следната генерација на iPhone. Очекувањата се дека iPhone 11 ќе биде претставен на овој настан. Ова засега не е потврдено од Apple, но гласините велат дека ќе можеме да ги видиме наследниците на iPhone XR, XS и XS Max.

Што се однесува до она што може да го видиме веројатно друга „ѕвезда“ на вечерта ќе биде новиот Apple Watch. Петтата серија на часовниците треба да покаже дали компанијата ќе промени нешто во насоката, или часовникот останува главно фитнес додаток. Apple Watch е еден од најпопуларните часовници и фитнес додатоци па ова ќе биде и интересен настан за целата индустрија.

Ќе биде интересно да ја видиме надградбата на Apple Watch. Иако куп часовници излегоа со кружен дисплеј кај  Apple Watch нема да видиме промена во дизајнот. Засега нема никаква најава за додавање на нови функционалности на часовникот па ќе биде интересно да видиме како ќе се обиде компанијата да ги убеди купувачите да го заменат својот стар часовник.

До настанот има уште неколку часа, па со повеќе податоци ќе добиеме скоро.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии