Спонзориран текст

За прв пат кај нас! CyberMK 2020 – Прв Национален натпревар во сајбер безбедност – хакатон!

Сајбер безбедноста никогаш не била поважна. Ако порано беше доволно само да се избере вистинскиот firewall, антивирус и алатки за енкрипција, сега треба да се направи многу повеќе за да се спречи еден хакерски напад. Живееме во еден дигитален свет во кој технологијата се развива неверојатно брзо, а паралелно со нејзината широко распространета употреба се развива и сајбер криминалот. Експоненцијално со сето тоа сајбер експертите заземаат исклучително важна улога во функционирањето на бизнисот.

Оваа година за прв пат кај нас ќе се одржи Национален натпревар во сајбер безбедност – хакатон, во организација на Агенцијата за електронски комуникации и Националниот центар за одговор на компјутерски инциденти MKD-CIRT како организациска единица во Агенцијата. Целта на овој натпревар е промоција и примена на вештини и знаења од областа на сајбер-безбедноста, во насока на идентификација и развој на идни професионалци за компјутерска безбедност во државата.

Натпреварот ќе содржи индивидуално и тимско натпреварување спроведено во фази, за избор на одреден број финалисти кои ќе се натпреваруваат на лице место на настан што ќе се одржи на крај од месец март 2020 година. Натпреварот е дизајниран да им постави задачи и предизвици на учесниците во различни области на сајбер-безбедност како што се етичко хакирање, откривање на упад, компјутерска форензика, анализа на логови, reverse engineering и друго. Натпреварувањето ќе комбинира примена на елементи за дизајн на игри и принципи на игра, со интерактивни предизвици, за тестирање на знаењето за сајбер-безбедност во широк спектар на домени. На учесниците кои успешно ќе ја завршат претквалификацијата, ќе им биде овозможено освен учество во индивидуалниот натпревар, да креираат групи од 3 лица и дополнително да учествуваат во тимскиот финален натпревар.

Натпреварот е од отворен карактер и секој може да се пријави и учествува, со фокус на младите на возраст од 15 – 27 години и студентската популација.

За победниците Агенцијата има обезбедено одреден фонд за награди.

Ако сметате дека сте експерт во сајбер безбедност и сакате предизвици, тогаш овој натпревар е одлична можност да ги докажете вашите вештини!

Повеќе детали за натпреварот и начинот на регистрација видете тука: https://cyberstars.pro/cybermk/


Напомена: Ова е комерцијален ПР текст закупен од страна на АЕК преку агенцијата Латрон Дигитал. IT.mk не сноси никаква одговорност за текстот и неговата содржина. Доколку и вие сте заинтересирани за објавување на промотивен текст за вашата компанија или производ, кликнете тука.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии