За правење игри не е потребен милионски град, Flat Hill Games од Вршац наскоро ќе ја претстават својата игра

Српската компанија Flat Hill Games која доаѓа од Вршац, град со околу 45 000 жители наскоро ќе ја претстави својата прва видеоигра. Clash of Chiefs е игра креирана за виртуелната реалност која наскоро ќе се појави на Steam Early Access.

Станува збор за независно студио, а играта Clash of Chiefs е една од ретките VR игри на Steam, а уште поретка ваква игра од регионот. Она што е интересно е дека студиото е одличен пример дека кога се има волја може да се надминат сите проблеми. Тие успеаја да го растурат и митот дека за успех во оваа индустрија сепак се поголеми поголеми градови.

„Сметаме дека од малите средини може да се направи голем успех. Во Србија сите гравитираат кон поголемите градови, не толку поради желба туку бидејќи имаат повеќе можности за работа.

Сакаме да им овозможиме работа и на луѓето кои сакаат да останат во својата средина. Најголемите предности на помалите средини се решеното станбено прашање, кратко време за патување до работа и подобри услови за семеен живот“, вели Адриан Џура, основач на компанијата.

Креирање на студио за развој на видеоигри во помали градови не е преседан. Компанијата е инспирирана од Лемингтон Спа, град со 50 000 жители од Англија во  кој се лоцирани 40 компании, пренесе Startit.rs.

Секако поинтересна е самата игра. Компанијата работи на виртуелна реалност, нешто што има ограничен пазар, но и ги нема доволно за корисниците. Секако ова значи дека публиката е помала по број, но и конкуренцијата е помала.

Што се однесува до играта играчот е во улога на готвач кој ги добива своите нарачки и треба што побрзо да одговори и да ги испорача назад кон гостите. Секако за се од сечкањето до мешањето на сосовите ќе треба VR-контролер.

Поделена е на два дела. Првиот е за еден играч во кој играчот учи што треба да направи. Во вториот дел играчот ќе може да игра против своите пријатели.

Clash of Chefs доаѓа на Steam на 16 ноември.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии