За потранспарентно општество со 4 нови апликации со отворени податоци

Беа претставени четири нови апликации кои се изработени со отворените податоци достапни од државните институции. Во организација на фондацијата Метаморфозис беше стартуван конкурс за проекти со отворени податоци од кој се издвоени четири иновативни апликации од граѓански организации кои овозможуваат поедноставен увид во некои владини сервиси и институции.

„Отворените податоци имаат директно влијание на одлуките на луѓето кои секојдневно ги прават и тоа на значителен начин. Овие апликации кои денеска беа промовирани преку овој проект ќе го променат животот на луѓето. Многу сум задоволен сум од резултатите што ги постигнаа тимовите“, рече британскиот амбасадор Чарлс Едмунд Герет, кој го поддржа настанот.

Openprocurement.mk е веб апликација преку која може да се следат јавните набавки во земјата, изработен од граѓанската организација ИКТ за промени од Тетовo.

openprecurement

Irrza.mk е веб апликација на Институтот за рурален развој на заедницата преку која може да се анализираат економските придобивки на Македонија од ИПАРД програмата.

irrza

Ratemy.bar на ЗИП институтот Скопје е сервис кој детектира позитивни и негативни практики во угостителските објекти во Македонија кои служат храна и пијалоци.

ratemybar

Otvorenosudstvo.org.mk е сервис преку кој може да се мониторираат процедурите на македонските судови, како и статистики за пресудите. Оваа апликација е изработена од коалицијата Сите за правично судство.

otvorenosudstvo

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии