За поголема безбедност на пешаците, семафор на земја

Изгледа дека паметните телефони се вистинска опасност за корисниците. Несовесни корисници веќе имаа куп незгоди при селфи фотографии. Секако небезбедно е и движењето по улица додека гледаме во екранот. За ова секако мора да се пронајде решение.

Наместо да ги казнува граѓаните кои го користат телефонот премногу, холандскиот град Бодегравен бара друго решение. Наместо висечки семафор, пешачките семафори во Бодегравен експериментално се поставени на земја. Вака светлечките сигнали би требало да бидат многу потешки за промашување, дури и за наведнатите пешаци. Креатор на семафорите е компанијата HIG Traffic Systems.

Секако, ниту една мерка нема да помине без критики. Една од главните критики е дека со ова се промовира и се наградува лошо однесување.

„Не сакаме луѓето да ги користат телефоните додека се учесници во сообраќај, дури и кога се само пешаци. Луѓето мора да гледаат околу нив, да погледнат дали возилата ќе застанат на овие семафори“, вели претставник на холандската агенција за безбедност во сообраќајот.

Image: HIG Traffic Systems

Холандските градски власти и компанијата која е креатор на овие „лежечки семафори“ ветуваат дека наскоро оваа технологија ќе биде во повеќе градови. Холандија не е единствена во овие тестови, германскиот град Аугсбург е еден од првите кој започна со тестови на оваа сигнализација. Разликата е во деталите, во Бодегравен се светлечки ленти, а во Аугсбург се неколку светла.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии