За пет месеци украле 63.000 евра од македонски платежни картички

Двајца бугарски државјани успеале за пет месеци да украдат десетици илјади евра од граѓани од Битола, Прилеп, Гостивар, Неготино, Радовиш и Кичево, пренесува Дневник. Осомничените се во бегство, откако МВР успеало со помош на бугарските власти да ги идентификува благодарение на надзорните камери од банките кои поднеле пријава. Кражбите ги правеле во период од март и август 2014-та и јануари 2015-та година.

Георги Томов Апостолов, 46, и Мартин Димитров Дачевски, 37, поставувале скимер во банкоматите преку кој ги краделе податоците од магнетната лента на картичката. Скимерот е уред кој се поставува на отворот за картичката на банкоматот, и ги копира податоците штом ќе ја вметнете картичката во банкоматот. Најдобра претпазливост против ваквата стандардна измама е да проверите дали на отворот на банкоматот има невообичаен дел кој може да се извади.

Осомничените поставувале и камера преку кој го снимале внесувањето на пинот. Сите податоци потоа ги препродавале во странство или изработувале лажни картички за подигање на кеш од автоматите. Некои од картичките и украдените податоци, според МВР, завршиле во Америка, Индонезија и Тајланд.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии