За новогодишната прослава Њујорк го бранеа полициски дронови

Дејан Соколоски

во Вести

На новогодишната прослава на Times Square во Њујорк луѓето ги чуваше полициски дрон. Летало опремено со камера беше поддршка за 7 000 полицајци, камери, кучиња и 200 возила за блокада. Полицијата ги презема овие мерки рутински, иако немаше најава за опасност од напад, пренесе BBC.

Со дронот управуваше полицаец кој благодарение на моќната камера можеше да забележи што се случува на земја. Од височината на која леташе можеше да забележи и ако има возило кое се движи во забранетата зона, но и ако има друго, неидентификувано летало.

По се изгледа камерите за препознавање на ликови, дронови, очила за проширена реалност ќе бидат присутни на сите. јавни настани во иднина. Секако ова ќе ја одведе во прашање приватноста на граѓаните, иако ни се ветува поголема безбедност. Секако овие ветувања и избори секогаш се лоши, а накрај граѓаните не добиваат ни приватност, а ниту безбедност.

Добра вест е дека сите овие мерки не беа потребни и дека прославата помина без проблем.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии