За максимално графичко уживање, Watch Dogs Legion ќе бара i7-9700K, RTX 2080 Ti и 16 GB RAM

Мартин Јованчевски

во Вести, гејминг

Безбедно е да се каже дека Watch Dogs Legion е една од најочекуваните игри годинава. Со бројни уникатни и надградени механики, третата игра во овој серијал ветува детален отворен свет каде можете да играте со кого сакате и како сакате, користејќи притоа способности кои се уникатни за лицето со кое управувате. На хартија и преку внимателно одбраните гејмплеј извадоци, Watch Dogs Legion звучи апсолутно феноменално, но таквото нешто доаѓа со огромна цена, особено доколку сакате да искусите максимално графичко уживање.

4K / Ultra Settings за Watch Dogs Legion:

  • Процесот: Intel Core i7-9700K / AMD Ryzen 7 3700K
  • Графичка карта: Nvidia GeForce RTX 2080 Ti или AMD Radeon VII
  • VRAM: 11 GB
  • RAM: 16 GB (Dual-channel setup)
  • простор на хард диск: 45 GB (+ 20 GB HD Textures Pack)
  • Оперативен систем: Windows 10 (x64)

Звучи страшно и бара исклучително скапа компјутерска конфигурација. Ситуацијата не е ништо подобра доколку одите за едно скалило подоле и си мислите дека би биле во ред и со висока, а не ултра графика:

1440p / High Settings

  • Процесор: Intel Core i7-7700K / AMD Ryzen 5 2600
  • Графичка карта: Nvidia GeForce RTX 2060S или AMD Radeon RX 5700
  • VRAM: 8GB
  • RAM: 16 GB (Dual-channel setup)
  • Простор: 45 GB

Можеби ако дополнително ја намалиме резолуцијата?

1080p / High Settings

  • Процесор: Intel Core i7-4790 / AMD Ryzen 5 1600
  • Графичка карта: Nvidia GeForce GTX 1060 или AMD Radeon RX 480
  • VRAM: 6 GB
  • RAM: 8 GB (Dual-channel setup)
  • Простор: 45 GB

Но, што доколку сте во ред со минималната побарувачка?

1080p / Low Settings

  • Процесор: Intel Core i5-4460 / AMD Ryzen 5 1400
  • Графичка карта: Nvidia GeForce GTX 960 или AMD Radeon R9 290X
  • VRAM: 4 GB
  • RAM: 8 GB
  • Простор: 45 GB

Интересно е тоа што Nvidia е во одлични односи со Ubisoft и веќе подолго време соработуваат на платформата Nvidia GeForce Now. Во случај да немате доволно добра конфигурација за играта, но солиден оптички интернет, би можеле да размислите за гејминг на облак. Повеќе на таа тема имаме тука!

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии