За Facebook пријателите се поважни од издавачите

Најголемата социјална мрежа повторно го менува алгоритмот за содржините што ги прикажува. Од сега објавите и статусите од пријателите ќе бидат поважни од компаниите и брендовите, и иако е добра вест за секој корисник, сепак за брендовите ова ќе биде проблем.

Ова се добри вести за сите корисници на социјалната мрежа кои ја користат за да се поврзат со своите пријатели, но лоши за сите издавачи и компании кои на друштвената мрежа користат „organic reach“ да допрат до корисниците. Без сомневање ќе им пад на видливоста на фан страните, кои ќе мора да ги задржат корисниците со купување на реклами на Facebook. Доколку брендовите плаќаат повеќе, тогаш алгоритмот ќе мора да ги презентира нивните постови пред тие на пријателите. Catch 22! Интересно е што Facebook прилично инвестираше во Instant Articles и ги убедуваше медиумите да се префрлат кај нив, па е чудно што сега да одлучи да направи прилично радикални промени.

news-feed-settings

Ова не е добра вест ниту за корисниците кои ја користат социјалната мрежа да пронајдат вести и релевантна содржина, наместо да гледаат слики од бебиња, плажи и одмори, оброци во ресторани и други лични постови. Дури 44 отсто од американците дознаваат за вестите од Facebook, вели Huffington Post.

„Дали сликата од свадбата на вашиот е вест? Ако е дали е поважна од критична статија за терористички напади? Кој знае? Facebook ќе се обиде да погоди во зависност од вашите интеракции. Од среда ќе гледате повеќе вести кои ги споделуваат вашите пријатели отколку од брендовите“, вели Huffington Post.

Ова и не е премногу лошо ако имате пријатели кои постираат новости. Виралните постови и важните вести секако ќе стигнат до сите корисници, но тешко е да се сфати како Facebook дошол на идеја дека пријателите ќе споделат порелевантни вести од медиумите како Verge, Guardian, BBC, Washington Post, Ars Technica и другите. „Facebook е доминантен кога е во прашање глобалната дистрибуција на вестите, многу издавачи вклучувајќи го и Verge, се потпираат на социјалната мрежа кога дистрибуцијата на вестите е во прашање. Ако издавачите не можат да допрат до публиката се во опасност да ја изгубат можноста за рекламирање. Кога минатата година Facebook објави дека News Feed ќе се преобрази во видео канал, издавачите (вклучувајќи го и Verge) побрзаа и вработија режисери и продуценти да ги пополнат овие канали“, вели Verge.

Со оглед на тоа колку често просечниот корисник ја користи социјалната мрежа, потпирањето на медиумите и издавачите за публика на социјалната мрежа не е изненадување. Желбата на Facebook да им удоволи на корисниците кои сакаат да им презентира повеќе податоци од пријателите и роднините, не е изненадување, уште повеќе што сега единствен начин за веб страниците да стигнат до публика се спонзорираните постови…

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии