За една недела Oatmeal и Интернетот собраа 850.000 долари за изградба на музеј на Никола Тесла

За помалку од една недела проектот за изградба на музеј на Никола Тесла е прогласен за успешен. Метју Инман, основачот на популарниот Oatmeal, објави дека целта од 850.000 долари е постигната. Иако до крај на акцијата има уште 39 дена веќе се донирани 900.000 долари, а државата Њујорк вети дека ќе обезбеди дополнителни 850.000 долари потребни за откуп на земјиштето. Музејот ќе се наоѓа на местото каде што Никола Тесла работел.

Просечно се донирани по 100 долари секоја минута или 6.000 долари на час, односно 145.000 долари дневно. Во проектот до сега учествуваат 20.000 донатори од 102 држави. Донирањето ќе продолжи до крајот на терминот, а остатокот од парите кои ќе останат по откупувањето на земјиштето, најверојатно ќе се префрли во изградбата на самиот музеј.

Овој проект уште еднаш ја потврдува потребата од медиумска покриеност на ваквите проекти, но и покриеност на проектите на вистински медиуми посетувани од потенцијални донатори кои ќе бидат заинтересирани. И овојпат имаме уште еден доказ дека Интернетот е спремен да поддржи добра идеја.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии