За девелоперите кои заработуваат помалку 1 милион долари Apple ја намали својата провизија на 15%

Дејан Соколоски

во Вести

Apple најави мала, но значителна промена која ќе израдува најголем дел од девелоперите. Компанијата од 1 јануари ќе го намали делот кој го зема од девелопери кои заработуваат помалку од 1 милион долари на App Store.

Компанијата ќе ја намали својата провизија на 15 отсто (сега изнесува 30 отсто). Станува збор за нова програма на App Store наречена App Store Small Business Program. Намалувањето се однесува на сите извори на приходи на App Store, од премиум апликации до плаќања во апликациите. За оваа програма се квалификуваат дури 98 отсто од девелоперите, но на нив отпаѓа само 5 отсто од заработката на App Store.

Најголем дел од 28 милиони регистрирани девелопери спаѓаат во оваа група. Девелоперите ќе можат да се пријават ако во претходната година заработиле помалку од 1 милион долари. Ако во годината во која се пријавиле, девелоперите надминат 1 милион, автоматски се префрлаат во првата група. Ако во некоја година заработката на девелоперите падне под 1 милион долари, можат да се пријават назад во Small Business програмата.

Девелоперите ќе треба да се пријават за програмата, а Apple најави дека наскоро ќе излезат со повеќе детали за начинот на пријавување.

App Store има над 1,8 милиони апликации на 40 јазици, во 175 држави. Овие апликации им се достапни на над 1,5 милијарди уреди на Apple.

Оваа година App Store и провизијата на Apple се во фокусот на медиумите и судовите. Од истрагата во Европа и САД, па се до судиските процеси со Epic Games.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии