За да ве заштити од „порно од одмазда“ Facebook бара голи фотографии

Последната мерка за заштита на Facebook е една од најчудните досега, иако би можела да функционира. Компанијата за да ги заштити своите членови од порно од одмазда бара од нив да испратат голи фотографии.

Корисниците треба да му испратат нa некој или самите на себе експлицитна фотографија. Потоа на фотографиите ќе додаде дека станува збор за содржина за која нема согласност за споделување.

За жал, мерката која ја предлага Facebook ќе функционира единствено за фотографии кои се земени со согласност на корисникот.

Како функционира технологијата?

Кога корисникот ќе ја прикачи сликата на Messenger и ќе ја означи како слика за која нема реобјавување, технологијата ќе ја хашира фотографијата, односно ќе креира дигитален отпечаток. Потоа слики со истиот отпечаток нема да може да се споделуваат ниту на Facebook, ниту на Messenger или Instagram. Дополнително, ако некој споделува слики, ќе му биде затворен профилот.

За жал, иако технологијата ќе функционира, дел од фотографиите и видеaта кои се сликани без знаење или дозвола, нема да може да се хашираат и ќе продолжат да бидат објавувани. Сепак, кога овие слики се еднаш хаширани, повеќе нема да може да се споделат на платформите во сопственост на Facebook.

Засега технологијата се тестира во четири држави, а Австралија е една од нив, јави ABC.

Ова за жал нема да го спречи споделувањето на истите слики на остатокот на интернет.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии