За да се исклучи BitTorrent клиентот Tribler, треба да се исклучи интернетот

Можеби звучи како бајка, но Tribler, BitTorrent клиентот што веќе 5 години е во развој, нуди децентрализиран и ефективен начин како да се справите со неодамнешните драконски закони што ќе бидат присутни во Америка како SOPA/PIPA и во Европа како ACTA.

Истражувачкиот тим од Делфт универзитетот на технологија кој работи на Tribler, за TorrentFreak објаснуваат дека затоа што Tribler работи чисто на peer-to-peer основа, единствен начин да се isklu Tribler, е да се исклучи интернетот.

Проблеми што настануваат поради оневозможување на големи пребарувачи на torrent датотеки како BTJunkie или домаќини на BitTorrent датотеки како Piratebay, со користење на Tribler ќе бидат надминати затоа што целиот процес на споделување содржина, комуницирање со други споделувачи и слично, се одвиваат децентрализирано без никаква база која што може да биде затворена.

Овој принцип на работење, според создавачите на Tribler, е апсолутно сигурен и мошне жилав од екстерни напади и обиди да се симне мрежата. Во основа овој софтвер може да ни понуди одлична алтернатива за симнување и споделување на содржини дури и во случајот сите веб страни за хостирање или пребарување торенти да бидат симнати преку нови ограничувачки закони. Постојат и ефективни децентрализирани начини корисниците на Tribler да се заштитат од спам, вируси или лажни содржини со тоа што торентите можат да се оценуваат од самите корисници.

Според Tribler единствен проблем може да претставува кога нови корисници ќе се приклучат, и нема да знаат со кој да споделуваат информации. За да се реши тој проблем, Tribler го нуди решението да се воведат одредени корисници што ќе поседуваат листи на корисници и канали што ќе можат да им ги понудат на новите корисници.

Во меѓувреме, додека сеуште нема потреба за тотално потпирање врз peer-to-peer мрежи за споделување на информации и комуникација, Tribler исто така може да работи со класични torrent и magnet линкови.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии