За да ја подобри безбедноста Skype ги замени P2P супернодовите со Linux машини хостирани од Microsoft

За да ја зголеми безбедноста и да се заштити од најчесто употребуваните напади Skype реши да ги замени P2P „супернодовите“, односно корисничките машини кои функционираа како точки во мрежата, со Linux машини кои сега се хостирани од Microsoft и Skype.

Безбедносниот експерт Костја Кортчиски вели дека замената е завршена пред два месеци, а главно се однесува на исклучување на користењето на корисниците кои функционираат како „супернодови“.  Инфраструктурата на Skype зависеше од овие супер јазли уште од самите почетоци на сервисот. Како јазли или точки се користат компјутерите на корисниците со доволно брз интернет и доволно процесорска моќ кои ги поврзуваа другите корисници и пренесуваа информации кои корисници се онлајн. Според анализата на Кортчиски, Microsoft го напушта овој концепт и сега користи околу 10.000 Linux машини за хостирање на супернодовите. Друга придобивка од замената е и зголемениот број на корисници кој вака би можеле да се обслужуваат. Според него, бројот на корисници по „супернод“ е зголемен од 800 на 4.100, со теоретски лимит од 100.000 корисници.

Г. Кортчиски за Аrs Technica ја пофали преземената акција како одлична со оглед на тоа дека овој начин на работа е побезбеден отколку да се надевате на заштитеноста на корисниците. Оваа објава е во сенка на безбедносниот проблем кој беше објавен претходно.

„Ова е добро заради безбедносни причини бидејќи не зависите од случајни луѓе кои имаат вклучено различни нешта на нивните машини. Сега имате нешто што е централизирано и сигурно.“

Неколку часа по обелоденувањето на настанот Microsoft ја потврди веста:

„Како дел од посветеноста за подобрување на услгата која им се пружа но корисниците на Skype, развивме „супернодови“ кои се наоѓаат на специјализирани сервери сместени во безбедни датацентри. Ова нема да ја промени P2P природата на Skype, во која „супернодовите“ единствено им овозможуваат на корисниците да воспостават контакт помеѓу себе (повиците не минуваат низ супернодовите). Веруваме дека овој пристап веднаш ќе овозможи подобри перформанси и достапност на стотиците милиони корисници на Skype.“

2 коментари на “За да ја подобри безбедноста Skype ги замени P2P супернодовите со Linux машини хостирани од Microsoft

  1. текстот има еден куп грешки,и логички и печатни па не го ни дочитав,уште толку ќе се доизбунам

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии