За да го спречи монополот, Германија ќе го третира Google како електрична компанија

Германија размислува да започне да го третира Google како комунална компанија, односно како електростопанство, водовот и сличните компании. Таквото категоризирање значи дека компанијата ќе биде под „лупа“ на регулаторна комисија за да се избегне злоупотреба на доминантниот удел на пазарот. Документот од Bundeskartellamt регулатор кој се грижи за заштита на конкуренцијата, предупреди дека доколку гигантот стане премногу моќен ќе биде цел на регулација слична како енергетските компании или водостопанството, јави Times of London.

Со оглед на тоа дека регулаторната комисија ја ограничува цената на електричната енергија и на водата, и на овој начин ги заштитува интересите на граѓаните, засега е нејасно на кој начин комисијата планира да го регулира Google, иако Venturebeat предвидува дека можно регулирање на максималната цена на рекламите не е веројатно. Една од можностите е да се регулира начинот на кој пребарувачот ќе ги презентира резултатите во пребарувањето од конкурентните производи.

Дополнително Европската Комисија има механизми во своите раце со кои може да ја регулира работата на гигантите, пред се наменети за технолошки гиганти како Google, Apple или Microsoft, кои доколку станат премногу доминантни на пазарот можат да бидат дури и поделени на помали компании. Германија заедно со Франција смета дека Европската Комисија е премногу блага кон Google.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии