За да го промовира дигиталното читање, Amazon ќе донира Kindle таблети

Amazon најави дека започнува со нова програма, со која ќе се обиде да ги направи дигиталните книги достапни насекаде во светот. Дел од плановите се овие е-читачи е да бидат достапни во државите во развој, во кои често недостатокот на библиотеки е вистински предизвик.

„Наша визија е секоја книга да им биде достапна на нашите корисници за помалку од 60 секунди. Сепак признаваме дека не секој има пристап до книгите кои ги сакаат или им се потребни. Затоа денес започнуваме со Kindle Reading Fund, проект кој ќе направи книгите да бидат достапни до заедниците насекаде. Фондот ќе донира е-книги низ светот“.

Amazon засега лоцираше неколку реони во кои ќе помага. Worldreader е програма која помага на земјите во развој, преку која Amazon ќе донира книги и е-читачи. Една од програмите кои ќе бидат поддржани е Wordleader LEAP 2.0 во Кенија. Дел од програмата се и локалните училишта и библиотеки вo кои Amazon ќе продолжи да донира Kindle и Fire таблет компјутери.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии