За да ги спречат протестите властите во Мјанмар го блокираат интернет

Во надеж дека ќе ги спречат или барем дека ќе ги намалат протестите откако војската ја презема власта во државата, властите наредија Мјанмар да се исклучи од Интернет. Покриеноста на државата сега е едвај 16 отсто од она што е во нормални услови, пренесе Guardian.

Претходно беа исклучени и друштвените мрежи, Facebook, Twitter и Instagram. Блокирањето на Instagram и Twitter започна на 6-ти февруари. Најголемата друштвена мрежа е блокирана неколку дена порано, откако војската процени дека се користи за да се организираат протестите.

Граѓаните на Мјанмар започнаа со протести откако војската ги уапси лидерите на Националната лига за демократија Аунг Сан Су Ки и Вин Мјинт. Оваа партија на изборите одржани во ноември убедливо ја освои власта во Мјанмар.

Засега блокирањето на интернет не дава резултати, граѓаните и натаму излегуваат на протестите во кои се бара слобода за лидерите на Националната лига за демократија. Десетици илјади протестанти излегоа на улиците на поголемите градови викендов, и побараа од војската да ги ослободи. Засега протестите се мирни, но со зголемено присуство на полицијата.

Блокирањето на интернет постанува стандардна пракса во некои делови од светот за „сузбивање“ на протестите. Сепак ова ниту ги обесхрабрува, ниту го спречува организирањето на граѓаните во пружањето на отпор.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии