За Apple iOS 10 е најважниот оперативен систем за iPhone и iPad досега

Новата надградба на оперативниот систем за iPhone и iPad, iOS 10, не доаѓа со спектакуларни новости за корисниците, но со огромен потенцијал за девелоперите кои ќе може да си играат со Siri, Maps и Messages. Иако за Apple, „iOS 10 е нашиот најголем оперативен систем досега, со куп нови начини да се искажете во пораките, апликација за автоматизирање на домот, прекрасни апликации: Music, Maps, News, кои се интуитивни и помоќни од претходно“, вели Крег Федериги oд Apple; сепак кога се во прашање новините, тие веќе постојат во Аndroid.

Отворањето на Siri е одлична вест и дополнителните развивачи и идеи каде ќе го користат асистентот секако ќе помогнат, но иако Siri е првиот гласовен асистент, Cortana ги стигна, а Google Now ги надмина. Maps сега овозможуваат кул функционалности, како, на пример директно на мапата корисниците можат да пронајдат локации и веднаш да добијат рута за стигнување до местото. Дополнително може да се повика Uber или некои од ривалите на Uber, а локацијата на возилото може да се следи на апликацијата, но повторно Google Maps веќе ги имаат овие можности.

Можноста за пребарување по сликите и користење на вештачката интелигенција за идентификување на фотографии и креирање на албуми е една од новите функционалности на Moments, но на Android е веќе достапна. Сепак, за разлика од Android фотографиите се анализираат директни на телефонот, што значи дека никој, дури ни Apple, нема пристап до фотографиите. Пораките преку iMessages сега доаѓаат со нови емотикони, анимации и рачно напишани белешки. Апликацијата овозможува автоматско препознавање на зборови и менување со слики, и ќе биде отворена за девелоперите кои можат да креираат нов начин за комуникација.

Напредок има и кај HomeKit кој сега поддржува над 100 продукти. Функционалноста е интегрирана во оперативниот систем, а секој од уредите може да се контролира самостојно или во група. До крајот на годината дел од најпознатите креатори на паметни домови, најавуваат користење на голем дел од HomeKit уредите во куќите кои ги прават. Она што Apple го прави навистина добро е присутно и на овој телефон. Личните податоци на корисниците се одлично заштитени. Со end-to-end криптирање се заштитени податоците  на iMessage, FaceTime и HomeKit.

Новата верзија на iOS 10 е достапна во developer preview, а официјално ќе биде достапна на есен.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии