За 34 милијарди долари IBM го купи Red Hat

Дејан Соколоски

во Свет

IBM ќе плати 190 долари за секоја акција на Red Hat и за 34 милијарди долари компанијата ќе стане дел од IBM. Ова е најголема зделка на IBM, и трета најголема зделка во САД кога се во прашање технички компании. Пред купувањето Red Hat беше проценет на 20,5 милијарди долари, јави CNBC.

Red Hat е дистрибутер на Linux, поточно на Red Hat Enterprise Linux. Покрај оваа верзија на Linux, компанијата е позната и по технологии кои се користат во податочни центри.

Red Hat во IBM ќе биде дел од Hybrid Cloud одделот. Директорот на Red Hat ќе се вклучи во менаџерскиот тим на IBM.

Зделката најверојатно значи дека IBM не е потполно задоволен од напредокот кој го прави Watson. Watson e вештачка интелигенција развиена од IBM. Најверојатно станува збор за најсестраната вештачка интелигенција, но некако не успеваат да пронајдат клиенти. Дополнителен проблем е што дел експертите во некои од областите сметаат дека Watson прави грешки. Пример е употребата на Watson за дијагностика и лекување на рак. Технологијата често дава погрешна дијагноза и опасна терапија.

Компанијата долго време се обидува да пронајде начин да ги привлече потенцијалните клиенти во различни области. Од грижа за корисници, па се до сметководителски совети. Барем засега, се чини дека овие напор се без успех. Поради ова IBM се враќа назад кон она што најдобро знае да го прави.

„Аквизицијата на Red Hat ги менува работите. Менува сè во облакот. IBM ќе биде најголемиот провајдер на хибрид-облак, на компаниите ќе им понудиме единствено опен клауд решение кое ќе го отклучи целосниот потенцијал на облакот за нивниот бизнис“, вели Џини Ромети, претседател на IBM.

Останува да видиме како вештачката интелигенција на IBM, Watson ќе се интегрира во ова. Секако IBM ќе може да пронајде синергија помеѓу двете, а најверојатно наскоро и ќе видиме колку ќе биде ова успешно.

2 коментари на “За 34 милијарди долари IBM го купи Red Hat

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии