За 2,7 милијарди долари Uber го купи Postmates

Uber ќе оддели 2,66 милијарди долари во акции за компанијата која помеѓу првите започна достава и порачки на храна преку апликација од паметен телефон, Postmates.

Иако Postmates е главно препознатлив по испораката на храна, корисниците можат да порачаат било што.

Uber е дел сервисите кои доставуваат храна преку Uber Eats, но компанијата очигледно смета дека е потребно поместување. Што се однесува до Postmates, сервисот ќе продолжи да функционира самостојно, но доставата на храна ќе се прави прекју комбинирана мрежа.

Postmates е фокусиран исклучиво на САД и компанијата има само еден обид за проширување во Мексико. Ова е второ големо купување во овој сектор во еден месец. На почетокот на јуни европскиот гигант Just Eat Takeaway го купи Grubhub за 7,3 милијарди долари. Само шест месеци пред ова, во јануари, Just Eat се спои со Takeaway во компанија која испорачува храна со вредност 7,3 милијарди евра.

Важноста на сервисите кои испорачуваат храна ја истакнува пандемијата. Во второто тримесечие на 2020 порачките на Uber Eats пораснале 100 отсто во однос на истиот период минатата година, вели TechCrunch.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии