За 10 години доменот .me е најизвезуваниот производ од Црна Гора

Дејан Соколоски

во Веб, Свет

Пред 10 години Црна Гора беше последната држава која се отцепи од некогашната федерација. Граѓаните со мала разлика се одлучија за самостојност. Оттогаш државата: се отвори за странски инвестиции; се подготвува за влез во ЕУ и НATO; a доменот .me стана најголемиот извозен производ, учествувајќи со 2% во извозот на земјата.

Од пред половина година топ левел доменот .me има повеќе од милион регистрации. Оваа бројка неколкукратно ги надминува државите со сличен број на жители. Иако поголемите држави имаат повеќе регистрирани домени, ниту еден го нема меѓународниот успех на .me. Најголем број од закупените .me домени, 46.81 отсто, доаѓаат од САД, а уште 29.64 отсто се од Кина.

Големиот интерес придонесе регистрацијата на .me домен да биде најголем извозен продукт на Црна Гора. Во 2015 целокупниот извоз на државата е 317 милиони евра, а од .me домените заработката е 6.5 милиони евра. Од сите продадени домени само 1 отсто се во државата, останатите 99 отсто се продадени надвор, јави TechCrunch. Парите во буџетот не се единствена придобивка од популарноста на доменот. Организацијата зад доменот, Domain.me е организатор на Spark.me – една од најпопуларните конференции во регионот.

Организацијата која ги регулира домените ICANN им го додели .me бидејќи сите други пологични наставки беа зафатени во 2006-та кога земјата стана независна, на пример .mn и .mt за Monte Negro или .cg за Црна Гора. Денес меѓу бројните компании кои го користат овој карактеристичен домен се Facebook, WordPress, Google и New York Times. Кога во 2008 година се отвори продажбата на доменот на светската берза за само 48 часа беа продадени над 100.000 домени.

Покрај цената за регистрација на домените која за премиум често е во илјадници долари, секоја година треба да се обнови доменот, па прогласувањето на DoMEn, компанијата која оперира со .me доменот, за најуспешна компанија во Црна Гора не е никакво изненадување.

Популарноста на .me секако се должи на звучноста на доменот, како и можноста за создавање на креативни домени.

 

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии