Youxia X е кинески конкурент на Tesla Model S

Youxia X е кинеско електрично возило одговор на возилата кои ги изработува Tesla Motors. Возилото потсетува на Model S, иако кога дизајнот е во прашање компанијата позајмува и од Lexus, Audi и Maserati, вели Mashable.

Автомобилот прв пат е претставен минатата недела, а негов креатор е 28 годишниот Јуанг Ксиујан. Првите модели би требало да се произведуваат во 2016 година, а да се појават во продажба во 2017-ма, што значи дека ќе бидат директна конкуренција со третиот модел на Tesla Model S кој е најавен за следната година. Конкурентна ќе биде и цената – возилото на Tesla чини 35.000 долари, а Youxia X ќе чини од 32.000 до 48.000 долари. Како и Tesla Model S, центарот на ентериерот на Youxia X e огромниот 17,3-инчен таблет кои се користи и како командна табла. Сепак кога перформансите во прашање Tesla е супериорен. Youxia X забрзува до 100 километри за 5,6 секунди, Tesla забрзува за помалку од три. Со едно полнење на батериите Youxia X може да помине 270 километри, за разлика од Model S кој поминува речиси двојно, 480 километри.

Без разлика што станува збор за возило кое барем по сегашните перформанси не може да му парира на Model S, поголемиот број на производители на електрични автомобили се добредојдени во автомобилската индустрија и ќе ги мотивира и двете компании на натпревар, во кој најголеми добитници ќе бидат возачите на електрични автомобили.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии