Како една од причините за оваа одлука YouTube ги наведе барањата на гледачите, објавувајќи го на својот блог следново: „Со повеќе од 2 милијарди посети дневно, лесно е да се гледа на YouTube како место за следење видеа снимени во минатото. Но, ни кажавте дека сакате повеќе – а тоа ги вклучува настаните кои се случуваат во моментов.“
Бета верзијата на платформата YouTube Live беше стартувана на 8-ми април, и во моментов е во фаза на тестирање. На неа се прикажани настани кои следуваат, со најава дека листата секој ден сè повеќе ќе се зголемува. Платформата е сè уште во процес на развој, а паралелно се одвиваат и преговори со потенцијални партнери кои би ги искористиле своите YouTube канали за пренос во живо.