YouTube забележува по две милијарди посети дневно!

„2 милијарди стримања на видеа е неверојатна бројка, но во просек луѓето поминуваат по 15 минути на сајтот,споредено со петте часа пред телевизор.“ вели Чед Хурли, ко-основачот на YouTube.

Но… телевизијата постои од пред 30-40, можеби и 50 години. YouTube постои од мај 2005 година кога стартуваше бета верзијата, по 18 месеци Google го купи за 1.6 милијарди долари, сега сајтот е втор најголем интернет пребарувач каде можат да се најдат видео обраќање од претседателот на САД, видео од иранската револуција, едн куп мачки и кучиња, реклами, спорт… всушност дали можете да си го замислите светот без YouTube?

„Бидејќи не можевме да предвидиме се што се случи со YouTube во првите пет години, сигурно не можеме ни да замислиме што не очекува во иднина. Но знаеме дека има уште за работа.“ пишува на блогот.

Тоа што се знае е дека сервисот ќе стане уште посериозен конкурент на телевизијата, потпишувајќи договори со големите филмски студија и започнувајќи проект за издавање филмови, a ќе започна да стрима и спортски натпревари во живо.

За да го прослави роденденот видео сервисот го стартува YouTube 5 year Channel каде има приказни од популарни корисници чиј живот е комплетно променет од сервисот, а и каде секој корисник може да испрати своја приказна. На каналот има и интерактивна временска линија за појавување на најпопуларните видеа.

На website-monitoring.com ќе најдете повеќе статистика за YouTube.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии