YouTube за iOS сега има пристап до стримови во живо

Додека Microsoft се жали на лошата соработка со Google за YouTube апликација, iOS апликацијата продолжува да се надградува во се подобра и подобра. Со новата 1.3 верзија на YouТube за iOS, корисниците ќе можат да следат и стримови. Покрај стримовите додадени се и креирање на листа која ќе може да ја гледате на телевизор и брз пристап до делот за закачување на содржини.

Google се залага за се пообемно присуство на стримани содржини на YouТube, а и годинешната претседателска дебата за прв пат беше пренесувана во живо на YouTube, потсетува The Next Web. За жал надградбата доаѓа предоцна за корисниците на iOS кои се надеваат дека во живо ќе може да го следат првиот Coachella 2013 викенд. Иако со ова апликацијата за iOS се приближува до Android сепак застоите сè уште се почести на iOS отколку на Android.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии