YouTube XL за телевизија

IT.mk редакција

во Веб

{mosimage}Google објави верзија на YouTube каналот специјализиран за телевизија. Новиот интерфејс на сервисот е зголемен, со цел функционален и да се гледа на телевизор или на голем монитор. Затоа и интерфејсот е премногу едноставен, без коментари и додатни опции како предложени видеа, содржина според автор…

YouTube XL (Extra Large) функционира со секој уред, односно компјутер, мобилен, конзола како PlayStation 3. Најинтереснит дел е што, бидејќи се работи за телевизор, YouTube XL ќе може да се контролира со далечински управувач преку Gmote апликацијата која моментално функционира само на телефоните со Andriod оперативниот систем на Google. Но иако е само за Andriod, дефинитивно апликациите како Gmote ќе функционираат и со други телефони бидејќи планот на YouTube со XL верзијатa е да стане домашен сервис со телевизиска содржина, не само онлајн сервис со содржина генерирана од корисниците.

Минатата недела Hulu, видео сервис сличен на YouTube меѓутоа со телевизиска содржина, односно со цели телевизиски серии и филмови, објави Hulu Desktop апликација оптимизирана за користење на Windows и Apple далечинските уреди. Hulu во моментот е достапен само за корисниците од САД.

{mosimage}

{mosimage}



Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии