YouTube TV е првиот партнер на професионалната NBA лига

Дејан Соколоски

во Вести

Image courtesy of YouTube TV

YouTube објави дека е ќе биде првиот партнер на NBA лигата. Компанијата засега ќе ја има привилегијата името на платформата да биде споменато по името на натпреварот. На пример, „NBA Finals presented by YouTube TV“.

Со ова YouTube придобива уште една професионална лига. Неодамна ист договор компанијата потпиша и со Major League Baseball. Мала разлика е што таму најавата ќе биде „World Series presented by YouTube TV.“ Пораката и логото ќе бидат присутни и во арената и во телевизиските натпревари.

Логото на YouTube ќе се појавува заедно со логото на овие професионални лиги. Компанијата неодамна додаде NBA канал на YouTube TV. Корисниците кои ќе купат NBA League Pass ќе може да ги следат натпреварите и на оваа платформа.

Договорите се потврдени и ќе траат барем до 2019 година, јави TechCrunch

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии