YouTube TV е одговор на Google на кабловските телевизии

YouTube го најави YouTube TV, сервис кој за 35 долари ќе стрима канали од 40 различни провајдери. Како и сите останати услуги од Google и оваа е пред сѐ мобилна и ќе биде истовремено достапна на шест различни уреди на корисникот.

За 35 долари е достапна услуга која YouTube ја нарекува „skinny bundle“ и во неа се вклучени омилените канали на гледачот. Според ветувањата цената на услугата од YouTube ќе биде пониска од онаа која ја нудат кабловските оператори.

Google не е првата компанија која нуди сличен сервис. Sling TV, PlayStation Vue и DirectTV Now, се конкуренти. Најголема предност на Google во однос на овие конкуренти ќе биде можноста за неограничено снимање и чување на содржините. Корисникот истовремeно може да снима неограничен број на содржини, а и просторот кој му отстапен е неограничен.

Сервисот ниту е замена, ниту е надградба на постоечкиот YouTube Red, кој овозможува претплата и гледање на содржини без реклами. Досега oбјавени партнери на платформата во „skinny bundle“ се: ABC, NBC, Fox и CBS. Достапни се и MSNBC, Fox News и Fox Business за вести, но и ESPN, USA, FX, Oxygen, E!, Disney Channel и National Geographic за останатата содржина. Може да се додаваат содржини од дел од останатите партнери со доплата, но дел од ограничувањата се помалку бесмислени. Така корисникот ќе може да гледа американски фудбал на телевизор, но не и на таблет или телефон. Причина за ова е ексклузивниот договор кој Verizon го има со NFL.

Засега нема никаква најава за глобална достапност на YouTube TV, а дури ни датата за САД не е објавена, иако Google најави дека услугата ќе биде достапна во следните недели или месеци, јави Recode.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии