YouTube троши милиони за креирање содржина, Snapchat работи на куси филмчиња, a Facebook го затвори VR-студиото

Кевин Харт, Елен Дeџенерис, Деми Ловато и Кети Пери се дел од ѕвездите кои соработуваат со YouTube во креирањето на авторска содржина. Сервисот оваа програма ќе ја нуди бесплатно и нема да биде дел единствено на претплатничкиот канал YouTube Red.

Дел од сериите ќе бидат засебни, а дел ќе бидат надградби на посточки емисии. Така Кевин Харт, својата програма ќе ја пренесува преку својот YouTube канал. Елен Деџенерис се одлучи гледачите на YouTube да можат да погледнат зад сцената на шоуто чии водител е таа. Слична идеја имаат и музичките ѕвезди Кети Пери и Деми Ловато кои на своите фанови ќе им овозможат да ѕирнат зад сцената. YouTube во оваа програма за 40 авторски серии ќе инвестира стотици милиони долари, јави Bloomberg.

Оригиналната содржина е важна за сите. Snapchat најави дека работи на содржина која ќе може да ја понуди на своите корисници. Станува збор за соработка со NBCUniversal, ESPN, ABC, Turner, NFL и неколку други сервиси кои ќе обезбедат дел од програмите. Куси епизоди од по 3 до 5 минути ќе бидат споделувани во Snapchat Stories. Платформата би можела да има 2 до 3 оригинални епизоди со оваа должина, јави Ars Technica.

Колку е сериозен Snapchat со овој потег покажува и самиот факт дека за оваа содржина се подготвени да се откажат од стандардната пракса за времетраењето во кое е достапна содржината. Snapchat би можел да го продолжи времето на достапност, кое за видеата во моментов е два дена.

Креирањето на нова видео содржина и за YouTube и за Snapchat, треба да ги убеди корисниците да поминат повеќе време на платформите.

За разлика од овие платформи кои инвестираат во оригинална содржина, Facebook ја менува тактиката. Друштвената мрежа го затвора студито Oculus Story. Ова студио креираше куси филмиви за Rift. Компанијата се откажува од овој пристап и ќе започне да ги поддржува и да инвестира во независни проекти. Ова можеби е и подобра пракса која е докажана кај видеоигрите.

Најголем успех на студиото е креирањето на кусиот филм во виртуелна реалност Henry. Лоша вест е што откажани се и сите започнати проекти на студиото.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии