YouTube тестира платформа за стримање видео во живо

„Зависно од резултатите на првичниот тест, ќе го оцениме стартување на платформата подетално со нашите партнери ширум светот.“ вели YouTube на својот блог.

Клучниот збор тука е „партнери“. За разлика од Livestream, Ustream.tvJustin.tv на кои YouTube сега ќе им стане сериозен конкурент, тој нема да понуди видео стримање во живо на сите (индивидуални) корисници.

Платформата е наменета за партнерите кои освен што ќе можат да пренесуваат големи настани во живо на поширока публика, нешто што YouTube го направи претходно, ќе можат да ја користат платформата и како веб телевизија. Од друга страна, со телевизиската содржина Google и YouTube ќе се приближат поблиску до дневните соби, проект кој веќе го реализираат со Google TV, односно YouTube Lеanback.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии