YouTube со нов видео плеер

Од промените, најчудната, според мене, е преместувањето на контролата на звукот. Копчето сега се наоѓа на левата страна и гласноста ја местите хоризонтално, наместо досегашното вертикално скролање. Исто така, новиот видео плеер e потранспарентерн од постариот со што остава повеќе фокус на видеото.

Еве кои се новитетите:

  • Барот за времетраењето е променет и сега се минимизира во тенка линија, оставајќи поголем преглед на видеото.
  • Копчето за звукот е лево и се мести хоризонтално.
  • Сите опции, звукот, плеј копчето се под барот за времетраење на видеото.
  • Ако видеото нема опција за автоматски превод тогаш CC копчето нема да се појавува.
  • Со десен клик на видеото се отвара ново мени со додатни опции. Прво и важно за корисниците со лимитиран интернет е „Stop Download” опцијата со која веднаш се стопира симнувањето на видеото.
  • Истотака во менито може се отвори и информации за видеото, како и да се ископира кодот за вметнување кој со новиот дизајн е сместен во десниот ќош под видеото.
  • Има опција за мерење на вашата интернет брзина,

Новиот видео плеер се уште не е достапен за вметнатите (embed) видеа.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии