YouTube сака да купи лиценци за популарни серии и филмови

YouTube се обидува да изнајде начин за ре-емитување на серии и филмови. Директори од YouTube и Alphabet (поранешен Google) се сретнаа со челници на повеќе холивудски студија, а тема на разговор била лиценцирање на нови содржини, јави Wall Street Journal. Преговорите се обид на YouTube да му конкурира на Netflix и неговото video-on-demand кое станува сѐ поактуелно и погледано.

Сузан Даниелс и Кели Мериман кои ги заменија MTV и Netflix за YouТube се вклучени во преговорите, но барем засега нема вести за кои серии е заинтересирана платформата. Она што се чини извесно е дека новите содржини ќе бидат дел од YouTube Red, услуга чија претплата чини 10 долари.

Освен можноста за купување на серии YouTube сака да создава и сопствена содржина. Засега не сакаат премногу да се оддалечат од првичната идеја на платформата, па содржините кои се најавени се серии со најпопуларните YouTube-ри.

1 коментар на “YouTube сака да купи лиценци за популарни серии и филмови

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии