YouTube го купува Twitch за една милијарда долари

YouTube е во преговори да ја купи платформата за стримање на игри Twitch.tv за неверојатни 1 милијарда долари. Тwitch, кој беше основан како гејминг канал на Justin.tv пред три години, и кој од неодамна го надмина и Facebook во интернет сообраќај, стана вистинската платформа преку која гејмерите ги стримаа игрите до претплатниците. На Twitch не останаа рамнодушни ниту Xbox и Sony Playstation кои додаа oпција за стримање на Twitch директно преку конзолите.

Засега нема официјални детали за аквизацијата, но Variety се сигурни во нивните извори кои велат дека е постигнат договор. Милијардата долари ќе им биде исплатена на Twich во кеш, наспроти вообичаеното исплаќање во акции. Ова значи дека аквизацијата ќе биде прво големо купување за YouTube, кои и самите беа купени oд Google за околу 1,6 милијарди долари пред осум години.

Интересно, според Verge, Тwitch имал неколку понуди, меѓу нив и понуда од Microsoft. Но, сервисот го избрал Google бидејќи YouTube е најголемата видео платформа, и покрај парите кои им се потребни за развој, пристап до голем број на корисници е од поголема помош за сервисот кој е познат само помеѓу гејмерите. Сега Тwitch има околу 45 милиони месечни посети, од кои еден милион се гејмери кои стримаат и закачуваат видеа секој месец. Добар дел од стримерите кои се познати гејмери или е-спортисти, добиваат финансиска поддршка од претплати и спонзори, што го прави сервисот прикладен за индивидуалните гејмери да прават пари од играње видеоигри.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии