YouTube претстави реклами од 6 секунди кои не може да ги скокнете

Дејан Соколоски

во Веб

Последната новина на YouTube сигурно нема да ве израдува. Видео платформата која беше позната по непрекинатото прегледување на видеа, најави дека ќе додаде видео реклами кои нема да може да ги скокнете. Рекламите доаѓаа под името Bumper Ads и ќе бидат достапни во AdWords.

Пред да се откажете од YouTube, рекламите ќе траат само 6 секунди, и ќе бидат делумна замена за рекламите кои сега може да ги прескокнете по 5 секунди емитување. Рекламите од 6-секунди се направени имајќи ги предвид мобилните уреди, а според компанијата одлично се комбинираат со TrueView и Google Preferred. Првите BumperAds доаѓаат веќе од мај, и нема да ги заменат сите реклами туку ќе бидат дел од реклами кампањи. Долгите реклами кои нема да се прескокнуваат засега остануваат, а овие реклами ќе бидат различен дел од екосистемот за рекламирање на Google.

Тестовите на BumperAds се веќе започнати, а помеѓу првите кои можеа да ги користат беа Atlantic Records кој ги тестираа за рекламирање на вториот албум на групата Rudimental. Подолу може да го видите видеото кое се користи за оваа реклама.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии