YouTube прави чистка на зомби профили

Знаете како оди правилото, ако не го средите зомби проблемот најрано што можете, понатака тие ќе почнат да се шират и наскоро ќе имате зомби апокалипса.

Ова правило го знаат и YouTube, но место несвесни зомби што се секогаш гладни, YouTube ги чисти таканаречените зомби профили. Зомби профилите се неактивните профили или лажните профили кои немаат никаква функција и се користат некогаш за ширење на лажни коментари или спам. Ако имате популарен канал подолго време, сигурно некои од тие што ви се претплатници, се празни, неискористени или лажни профили.

Бројот на луѓето што ве следат овој период може оддеднаш да падне за околу 4% меѓу кои се тие зомби профили, пренесува Digital Inspiration.

Но, нема потреба од паника ако веќе знаете дека тоа сепак се неактивни профили. За подетална статистичка проверка на посетите за вашиот YouTube канал, тука секогаш е Analytics алатката на Google.

[youtube]bqve74bF3fQ[/youtube]

1 коментар на “YouTube прави чистка на зомби профили

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии