YouTube пак размислува за стримање на е-спорт во живо

YouTube работи на враќање на платформата која овозможуваше стрим на е-спорт во живо. Најавата доаѓа неколку месеци по неуспехот на Google да стане споственик на најголемата е-спорт стриминг платформа Twitch, кој сега е во сопственост на Amazon.

„Гејмингот и е-спортот ќе бидат голем двигател зад новиот изглед на YouTube Live. Сервисот ќе биде огромна можност за етаблираните стримери и организации наскоро и можам да кажам дека рекордните броеви на гледачи на е-спорт натпреварите ќе порасне уште повеќе кога Google ќе започне со промоција и партнерства со овие настани“, вели неименуван извор за Daily Dot.

YouTube и сега пренесува дел од е-спортот, но без официјално и ексклузивно партнерство. Дали во иднина ќе може да видиме токму вакви договори сепак зависи единствено од Google и организаторите на турнирите. Шпекулацијата околу кога компанијата и официјално би можела да го најави сервисот е дека веројатно тоа ќе биде на E3 кој оваа година ќе се одржи од 16 до 18 јуни.

Официјалниот одговор на Google за стрим сервисот е позабавен. Компанијата испрати гиф слика на новинарот кој побара повеќе информации…

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии