YouTube не е одговорен за авторски права на содржина која ја качуваат корисниците

Дејан Соколоски

во ИТ.ЕУ

Google успеа да извојува мала, но важна победа пред Европскиот суд на правдата. Google и останатите онлајн платформи не се одговорни за содржината која нивните корисници ја поставуваат на платформите. Исклучок на ова е ако платформите не преземале брза акција за да ја отстранат или блокираат оваа содржина.

Одлуката на судот доаѓа во спор стар повеќе од 10 години. Германскиот музички продуцент Френк Питерсон ги тужеше YouTube и Google за содржина која корисниците ја објавиле на платформата, а за која тој ги поседува авторските права.

Во друг неповрзан спор издавачите Elsevier го тужеа хостинг сервисот Cyando бидејќи во 2013 дозволил да бидат „качени“ содржини за кои поседуваат авторски права без нивна дозвола. Германскиот суд пред кој беше започнат спорот побара појаснување од Европскиот суд на правдата. Судот оваа недела донесе одлука за двата случаи, пренесе Reuters.

„Според сегашната состојба, операторите на онлајн платформи самите не споделуваат до јавноста кога содржина заштитена со авторски права е нелегално објавена од корисниците на овие платформи“, се вели во одлуката на судот.

Судовите во Европската Унија сега ќе можат да ја користат одлуката од овие случаи во споровите во своите држави. Ова секако ќе се промени кога државите ќе ги донесат промените со „Законот за дигитални сервиси“ (Digital Services Act). Со овие предлог промени на законите за онлајн платформи, од големите платформите како Facebook, YouTube, TikTok се бара да имаат филтри кои ќе препознаваат кога содржината која некој сака да ја објави ги нарушува авторските права и автоматски да ја блокираат содржината.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии