YouTube Music и YouTube Premium пристигаат во Македонија

Два популарни сервиси на Google, YouTube Music и YouTube Premium се достапни и кај нас. Од денес на листата држави во кои се достапни овие премиум сервиси е додадена и Македонија.

Истовремено YouTube Music и YouTube Premium пристигнаа и во:

  • Бугарија
  • Кипар
  • Чешка
  • Унгарија
  • Полска
  • Романија

Секако ова не се бесплатни сервиси и имаат две нивоа, најмногу во зависност од куповната моќ на населението. YouTube Music во Македонија е достапен за 7 долари, а YouTube Premium е достапен за 8.5 долари. Двата сервиси имаат едномесечен бесплатен пробен период.

YouTube Music Premium

YouTube Music е сервис преку наменет за стрим на музика. Станува збор за сервис и апликација за паметен телефон. Корисниците можат да пребаруваат по жанрови и да пуштаат музика. Со претплата корисникот може да слуша музика без реклами, аудио без видео и да презема песни за слушање офлајн.

YouTube Premium

Premium e претплатата за YouTube со која корисникот има пристап до содржините хостирани на платформата без реклами. Дополнително, претплатниците имаат пристап до оригиналната содржина и можат да преземаат плејлисти за да ги гледаат офлајн. Во оваа претплата се вклучени и сите поволности на YouTube Music Premium.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии