YouTube ќе започне да емитува редовна програма

Мартин Јовчески

во Веб

YouTube од наредната година би можел да стане веб сајт кој би ја заменил телевизијата. Според Wall Street Journal, YouTube е во крајни подготовки за лансирање на видео канали кои ќе емитуваат регуларна програма. Станува збор за неколку канали кои ќе бидат тематски определени, како на пример посебен канал за спорт или пак посебен канал за мода.

Google не сака да коментира на шпекулациите, според кои YouTube веќе некое време контактира со големи имиња во Холивуд за да креираат оригинална содржина. Според изворите на Wall Street Journal, YouTube плаќаат од стотици илјади до милиони долари за да се подготви програма која би започнала на почетокот од 2012. Разликата помеѓу новата програма на YouTube и веќе постоечките видео сервиси, е тоа што вторите немаат редовна програма, додека новите канали на YouTube ќе наликуваат на вистинска телевизија.

Се разбира од овој потег најмногу ќе добие Google TV, сервис кој најскоро треба да се појави и во Европа. Интересно е тоа што интернетот започна сериозна битка против телевизиите, па така стриминг сервисот Netflix пред некој ден потпиша договор со Dreamworks, според кој ќе добива оригинална содржина од ова филмско студио. Dreamworks требаше да потпише со HBO, што значи дека е зададен навистина голем удар врз телевизиите. Amazon исто така обезбеди оригинална содржина од 20th Century Fox.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии