YouTube ќе креира повеќе сопствена ексклузивна содржина

YouTube најавува повеќе ексклузивна и бесплатна содржина за корисниците. Монетизацијата на оваа содржина ќе доаѓа преку реклами кои секако ќе им бидат презентирани на корисниците.

Платформата веќе има некои серии, но сега планираат повеќе програми, па и филмови кои ќе бидат достапни на сите. Дoсега дел од оваа програма беше ексклузивно достапна за претплатниците, но во потрага по повеќе публика YouTube ќе ја отвори за повеќе гледачи. Ова секако значи реклами. Но не за сите, добра вест за претплатниците е дека реклами за нив нема.

Пред да почнете со славење, промената доаѓа околу 2020 година. Содржините ќе започнат да се додаваат во 2019 година, но самата програма ќе се отвори година подоцна.

Добра вест е дека бесплатната содржина ќе биде достапна глобално. Засега не е целосно разјаснето дали цела содржина ќе биде достапна, или дел од неа. Компанијата сè уште не одлучила како ќе ја презентира содржината, велат извори за Reuters.

1 коментар на “YouTube ќе креира повеќе сопствена ексклузивна содржина

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии