YouTube ќе објави свој музички сервис и ќе му се спротистави на Spotify

Не е само Apple кој се подготвува за сервис за стримање на музика. Најголемиот видео сервис, YouTube, во иднина планира да објави свој музички сервис за претплата, со што би му бил конкурент на Spotify.

Google веќе ја има интегрирано својата музичка услуга во Google Play, па корисниците од таму може да купуваат музика, додека на YouTube сето тоа е можно бесплатно. Се шпекулира дека за услугата ќе се наплаќа одредена сума, но главните функционалности на сервисот ќе останат бесплатни.

Потенцијалот и предноста што ја нуди изнајмувањето на музиката го имаат забележано и големите музички студија. Warner Music кои соработуваат со YouTube и Google, околу 25 посто од дигиталните приходи ги заработиле преку стримањето на музика.

Од YouTube одбиваат да дадат било какви коментари, но извори на Fortune велат дека размислуваат за такво нешто и покрај огласите, да имаат и друг извор на заработувачка.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии