YouTube ќе ги тргне Radiohead, Arctic Monkeys и Adele поради расправа со независни студија

Radiohead, Arctic Monkeys, Adele и уште многу други музичари кои својата музика ја издаваат преку помали независни издавачи наскоро би можеле да исчезнат од YouTube. Видео сервисот се закани преку Роберт Кинцл, кој за Financial Times, потврди дека видеата од „независните“ можат да бидат блокирани за само неколку дена, доколку не се потпише нов договор за лиценци. Предоговарањето е пред се поради новата музичка услуга која наскоро ќе се појави на YouTube. Сервисот веќе ги потпиша ваквите договори со големите издавачи: Universal, Sony и Warner.

Дел од музичарите чувствуваат дека YouTube не им нуди фер договори и се обидува да им наметне неприфатливи услови.

„Се обидивме и сè уште се обидуваме да им објасниме на YouTube колку е важна независната музика за стриминг сервисот и зошто мора да биде вистински ценета“, вели Алисон Венам од Worldwide Independent Network. Дел од издавачите се обратија и до Европската Комисија во надеж дека регулаторот ќе им помогне во борбата со YouTube.

Истовремено со овие вести, YouTube најави дека наскоро ќе додаваде модел базиран на претплата „со кој на нашите музички партнери ќе им овозможиме заработка од стримовите, како додаток на милионите кои YouTube ги генерира за нив секоја година. Возбудени сме бидејќи стотици големи и независни издавачи веќе се наши партнери“, изјави портпаролот на YouTube за BBC. Со овој модел, иако видеата од независните издавачи ќе бидат тргнати, сепак ќе бидат присутни на сајот преку други канали како Vevo.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии